Линкови за пристапност

Јапонија признава дека времето истекува за спречување на можна нуклеарна катастрофа


Јапонија признава дека времето истекува за спречување на можна нуклеарна катастрофа
Јапонија признава дека времето истекува за спречување на можна нуклеарна катастрофа

Јапонската влада призна дека времето не работи во интерес на спречување на опсно и значително истекување на радијација во атмосферата од оштетената нуклеарна централа Фукушима-1. Најголема загриженост предизвикува реакторот Број 3 каде водата паднала на опасно ниско ниво во базенот каде се чуваат прачките на нуклеарно гориво.

Јапонската армија и полиција од воздух и од копно додаваат вода на две згради каде се оштетени нуклеарните реактори кои емитуваат радијација.

Два хеликоптери од силите за самоодбрана во четврток започнаа да доставуваат вода до нуклеарната централа во префектурата Фукушима.

Инфраструктурата на разладните уреди на реакторите е значително беа уништени од цунамите минатиот петок. Последователни експлозии дополнително ги оштетија зградите каде се наоѓаат реакторите.

Ризичната воздушна мисија, што во средата беше напуштена заради високо ниво на радијација, инволвира 7,5 тони вода во обид да се оладат радиоактивните прачки на нуклеарно гориво. Но телевизиско видео покажа дека иницијалните обиди за вакво ладење не успеале заради ветровите кои ја разнеле водата.

Третиот реактор се смета за најкритичен. Тој користи мешано кислородно гориво што содржи плутониум.

Министерот за одбрана Тошими Китазава, кој даде дозвола за мисијата на хеликоптерите, призна дека времето истекува.

Тој кажа дека армијата верува оти водата може да помогне, и дека пумпи, обезбедени од американската армија, се на пат да додадат на напорите.

Токиската компанија за енергија, која раководи со централата, вели дека ги заменува линиите за трансмисија на струја што се извор на енергија на самиот објект за напојување со енегрија на разладниот систем.

Главниот секретар на кабинетот, Јукио Едано, вели дека е направено се` што е можно за ставање на ситуацијата под контрола.

Главниот портпарол на владата вели дека премиерот Наото Кан и американскиот претседател Барак Обама зборувале 30 минути за кризата. Тој вели дека Обама го информирал јапонскиот лидер во подготвеноста на САД да испрати помош за напорите на реконструкција по јапонскиот земјотрес и цунами.

Некои американски владини претставници тврдат дека ситуацијата во објектот Фукушима е посериозна отколку што јапонската влада признава.

XS
SM
MD
LG