Линкови за пристапност

16 мртви во земјотрес во Јапонија


Спасувачките екипи со помош на булдожери и кучиња трагачи ги пребаруваат урнатините по евентуално преживеани лица

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека 16 лица загинале, додека 26 други се водат за исчезнати по силниот земјотрес со јачина од 6,7 степени кој го погоди јапонскиот северен остров Хокаидо.

Спасувачките екипи со помош на булдожери и кучиња трагачи ги пребаруваат урнатините по евентуално преживеани лица.

Земјотресот предизвикал масивно лизгање на земјиштето, затрупувајќи стотици куќи.

Според официјалните лица, повеќе од 1,5 милиони домаќинства се без електрична енергија, а островот се соочува и со проблеми во сообраќајот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG