Линкови за пристапност

Почина Џенет Рино - прва главна правобранителка на САД


Нејзиниот 8-годишен мандат за време на претседателствувањето на Бил Клинтон, започна во 1993-та година

На 78-годишна возраст, по компликации од Паркинсоновата болест, почина Џенет Рино, првата жена на функцијата американски главен правобранител.

Нејзиниот 8-годишен мандат за време на претседателствувањето на Бил Клинтон, започна во 1993-та година. Меѓу бројните познати нејзини случаи, беше и оној од 1998-та до специјалниот обвинител Кенет Стар, со кој се прошири истрагата за договор за земјиште во Арканзас во кој бил вклучен Клинтон, а подоцна и неговата афера со стажантка во Белата куќа.

Ова резултираше со импичмент на Бил Клинтон, по што Сенатот го ослободи од обвиненијата.

Рино во 2002-та имаше неуспешна кампања во Флорида, да стане првата жена – гувернер на таа сојузна држава.

XS
SM
MD
LG