Линкови за пристапност

Сакам да летам, ме ослободува од страв, вели Јане Стаменов, дипломец на Воената воздухопловна академија на САД


Студент како војник - Јане Стаменов, раскажува за искуството на Воената воздухопловна академија на САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:29 0:00

Процесот на летање е тежок, но, тоа ми претставува предизвик. Можам да кажам дека на некој начин ме ослободува од страв од неуспех“, рече тој во разговор за Гласот на Америка

Денешниот ден секогаш е организиран од вчера. Нема изненадвања, барем најчесто. Така е за Јане Стаменов, питомец на Воената воздухопловна академија на САД, и втор Македонец кој завршил студии тука.

Сакавме да го посетиме лично во Академијата, за да ѕирнеме во неговиот живот изминативе години. Не` спречи пандемијата. Се видовме на Скајп, како што и впрочем се одвива животот деновиве.

Ни кажа дека ќе се врати во Македонија, каде ќе работи како офицер. Но, љубов му била авијацијата. Сака да стане пилот во Центарот за воздухопловни единици на Армијата.

Разговаравме за животот на Академијата кој, вели тој, наликувал на војска, за пријателите, но, и за желбата да лета.

„Процесот на летање е тежок, но, тоа ми претставува предизвик. Можам да кажам дека на некој начин ме ослободува од страв од неуспех“, рече Јане.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG