Линкови за пристапност

Бејкер: Најголемата закана за деморатијата денес е подемот на авторитаризмот


Пораншениот државен секретар на САД, зборуваше за Гласот на Америка, по повод 30. години од падот на Берлинскиот ѕид

Поранешниот државен секретар на САД Џејмс Бејкер вели дека најголема закана за деморатијата денеска е подемот на авторитаризмот. Секретарот Бејкер зборуваше за Гласот на Америка по повод 30. годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, момент во кој тој имаше важна улога.

Тој вели дека уривањето на ѕидот бил знак дека светот се менува.

„40-те години од Студената војна привршуваа и паѓањето на ѕидот симболизираше почеток на тој крај“, рече тој.

Некои паѓањето на ѕидот го нарекуваат историски инцидент.

„Беше изненадување. Можам да ви кажам дека никој од нас во тоа време не очекуваше пропаѓање на Советскиот сојуз. Паѓањето на ѕидот не беше предвидено да се случи тогаш кога се случи“. вели Бејкер.

Тој вели дека Гласот на Америка одиграла важна улога во галванизирањето на јавната поддршка за демократијата.

„Знаеме дека протести за слобода имаше низ сите држави на Варшавскиот пакт, благодарение на напорите на Гласот на Америка и фактот што ја пренесувавме пораката во тие држави“, смета тој.

Но, последните 30 години не излегоа така како што се надеваа секретарот Бејкер и тогашните клучни играчи - претседателот Џорџ Херберт Буш, советскиот лидер Михаил Горбачев и Хелмут Кол од Германија.

Бејкер вели дека демократскиот режим од постстудената војна е загрозен.

„Некои од заканите за демократијата се порастот на авторитаризмот во некои од поранешните држави на Варшавскиот пакт. Особено во Русија. А се случува и на други места во светот. Тој систем не функционира“, изјави тој.

Тој вели дека единствен начин за справување со предизвикот на враќање назад, како што е во Полска и во Унгарија, е да се направи истото што успешно било направено за време на Студената војна.

„А тоа е да се биде решителен во нашата поддршка на слободата, демократијата и слободните пазари. Така победивме во Студената војна“, рече Бејкер.

Бејкер вели дека мора да бидеме решителни да ги браниме принципите и вредностите на слободни луѓе, додавајќи:

„Мислам дека сме во друга Студена војна во моментов. Исто толку студена како претходната“.

Секретарот Бејкер вели дека единствен начин да се победи е да начинот на кој се победило во првата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG