Две лица се мртви, а девет други повредени при пукање на натпревар за видео игри во Џексонвил, Флорида, јавија властите.
Лицето кое пукало потоа се самоубило.
Мајк Вилијамс, шериф на Џексонвил, вели дека за време на пукањето имало голем број луѓе во пицеријата, која била домаќин на натпреварот за фудбалска видео игра „Madden NFL '19“.
Вилијамс вели дека инспекторите се` уште работат да го утврдат мотивот на напаѓачот.
Според досегашните информации, се верува дека се работи за 24-годишниот Дејвид Катц од Балтимор, Мериленд, кој се претпоставува дека пукал со пиштол.
Вилјамс рече дека осомничениот дошол во Џексонвил за натпреварот, но, оти не е јасно дали ги познавал жртвите.
Гувернерот на Флорида Рик Скот рече дека претседателот Доналд Трамп понудил федерална помош која можеби ќе биде потребна.
Трамп, пак, јавно не даде изјава за нападот, додека портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс изјави дека го следат случајот.
Facebook Forum