Линкови за пристапност

Намалување и на Ј1-визите?


Весникот „Вол стрит журнал“ пишува дека администрацијата на Трамп размислува за редуцирање на визната програма; Стејт департментот не го коментира извештајот

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп размислува да ги намали визите за програмите за културна и работна размена, вклучувајќи ги летните сезонски работници, објави „Вол стрит журнал“, а информацијата ја пренесоа повеќе медиуми.

Весникот пишува дека Трамп, уште во текот на претседателската кампања, се заложил за обновување на американските работни места

Повикувајќи се на анонимни извори, медиумот вели дека американската влада размислувала за големи намалувања за пет од програмите за културна размена, со кои се озвозможува вработување во САД.

Ј-1 програмата вклучува и визи за универзитетски студенти, но, весникот вели дека таквите не биле предвидени за кратење.

Како што пренесува „Вол стрит журнал“, Стејт департментот не го искоментирал извештајот.

Оваа програма за неимигрантски визи има 15 категории, во чии рамки се можности за околу 300.000 странски посетители годишно, за културно и социјално искуство во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG