Линкови за пристапност

Израелската армија при рација во Западниот Брег уапсила 21 лице, поддржувачи на Хамас


Израелската војска соопшти дека нејзините сили денеска извршиле рација во Западниот Брег чија цел биле луѓе за кои се тврди дека помогнале во финансирањето на милитантната група Хамас, додека нејзината воена кампања за елиминирање на Хамас во Појасот Газа продолжува со воздушни напади и копнени операции во северниот, централниот и јужниот дел на Газа.

Во соопштението на израелските одбранбени сили се вели дека уапсиле 21 лице и конфискувале сума од десетици милиони (изразено во израелска валута) во операцијата на Западниот Брег.

Рацијата на Западниот Брег беше последната во долгата серија операции што Израел ги изврши таму, велејќи дека неговите сили спроведуваат антитерористички активности.

Канцеларијата за човекови права на ОН денеска исто така објави извештај во кој се вели дека ситуацијата со човековите права на Западниот Брег „брзо се влошила“ по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН соопшти дека потврдила 300 смртни случаи на Палестинци на Западниот Брег од 7 октомври, при што 291 Палестинец биле убиени од израелските сили, осум од израелски доселеници и еден убиен од израелски сили или доселеници.

Во извештајот се вели дека повеќето од смртните случаи се случиле за време на конфронтации и судири меѓу Палестинците и израелските војници, вклучително и на протести и додека израелските војници спроведувале операции во палестинските градови.

Некои материјали за овој извештај се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG