Линкови за пристапност

Израел: Палестинец уби жена на Западниот Брег


Нападот се случи во близина на Хеброн.

Израелските власти денеска соопштија дека осомничен палестински вооружен напаѓач убил една жена и тешко ранил еден маж на окупираниот Западен Брег.

Израелската војска соопшти дека пукотниците се случиле во близина на градот Хеброн и дека истрелите биле испукани од автомобил во движење.

Војската соопшти дека нејзините сили трагаат по осомничени и дека поставиле блокади на патиштата во областа.

Нападот во понеделникот следи по пукањето на двајца Израелци во саботата на Западниот Брег.

Дел од информациите доаѓаат од Асошиетед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG