Линкови за пристапност

Израел изврши рација на Западниот Брег


Израелската војска соопшти дека цел им било командниот центар на милитантите
Израелската војска соопшти дека цел им било командниот центар на милитантите

Палестинските здравствени власти соопштија дека израелските сили убиле најмалку осум лица во понеделникот за време на напад на окупираниот Западен Брег.

Израелската војска соопшти дека извршила рација во бегалскиот камп Џенин, напаѓајќи го, како што го нарече, „обединетиот команден центар“ за милитантите.

Операцијата вклучуваше напади со израелски беспилотни летала.

Потполковникот Ричард Хехт, портпарол на израелската армија, изјави дека израелските сили запленуваат оружје и муниција.

„Не планираме да се задржиме“, рече тој.

„Ние дејствуваме против конкретни цели“, додаде Хехт.

Покрај загинатите, палестинското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 27 лица се повредени.

Израел спроведува редовни рации во областа, вклучително и една минатиот месец во која загинаа седум Палестинци.

Минатата недела, Советот за безбедност на ОН повика на воздржаност и ги повика Израелците и Палестинците „да се воздржат од еднострани дејства кои дополнително ги разгоруваат тензиите“.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG