Линкови за пристапност

Израел го обвинува Хамас за кражба на хуманитарната помош за Газа


Palestinians displaced by the Israel air and ground offensive on the Gaza Striptake shelter near the border fence with Egypt in Rafah, Jan. 24, 2024.
Palestinians displaced by the Israel air and ground offensive on the Gaza Striptake shelter near the border fence with Egypt in Rafah, Jan. 24, 2024.

Официјални лица на ОН предупредуваат на зголемен глад и болести во Појасот Газа. Меѓутоа, Израел вели дека дозволува храна во Газа и проблемот е во дистрибуцијата од страната на Газа. Известува Линда Градштајн.

Обединетите нации велат дека хуманитарната ситуација во Газа станува сè поочајна, со недостиг на храна и болести кои му се закануваат на цивилното население.

„Луѓето умираат не само од бомби и куршуми, туку и од недостиг на храна и чиста вода, болници без струја и лекови и исцрпувачки патувања до сè помалите парчиња земја за да избегаат од борбите“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Обединетите нации предупредуваат дека 2,3 милиони луѓе во Газа се на работ на глад, а околу 380.000 гладуваат.

Израел тврди дека има многу кражби на храната за цивилите во Газа
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:23 0:00

Но, според КОГАТ, единицата на израелската армија која се занимава со палестинските цивилни прашања, Израел прави се’ што може за да дозволи поголем проток на хуманитарна помош во Газа, вклучително и отворање втор премин.

КОГАТ вели дека проблемот со дистрибуцијата е на страната на Газа, дека милитантите на Хамас крадат дел од помошта и дека агенциите на ОН не се ефикасни во нејзината дистрибуција.

„Знаеме дека хуманитарната ситуација во Газа е подобра од она што го тврди Хамас. Исто така, би сакал да наведам дека има и тесни грла и некои проблеми во Газа со хуманитарните организации“, вели Јотам Шефер од единицата КОГАТ.

Ниту Хамас, ниту ОН не одговорија на прашањата на Гласот на Америка за ова тврдење.

Претставниците на КОГАТ велат дека пред војната, од 400 до 500 камиони - вклучувајќи околу 70 до 80 со храна - влегувале во Газа од Израел секој ден.

Не остана ништо во државата, ниту училишта, ниту универзитети, ниту здравствени услуги, ништо. Размислете за иднината на сите овие деца
Алаа Бакхит, Палестинец од Газа

Сега, просечно околу 200 камиони одат во Газа дневно, а околу 150 од нив се целосно натоварени со помош во храна. Покрај тоа, големи количини брашно ќе бидат испорачани преку израелското пристаниште Ашдод, на околу 20 милји северно од Газа, во договорот што неодамна го објави администрацијата на Бајден. Ова ќе ги снабдува пекарите во Газа, кои дневно произведуваат 2 милиони пити леб во договор со Светската програма за храна.

Покрај недостигот на храна, палестинските власти предупредуваат дека болестите се шират поради пренатрупаноста на речиси милион и пол Палестинци во училиштата и засолништата на ОН во јужниот дел на Газа и недостатокот на соодветни санитарни услови.

„Со оглед на големиот број граѓани, некои болести почнаа да се шират, како што се гастро-интестинални заболувања кај возрасни и деца, како и болести на респираторниот систем, кожни болести како шуга но, и други болести“, вели Саид Сала, лекар за деца од Газа.

Хуманитарната криза е најакутна кај еден милион Палестинци кои побегнаа во јужниот дел на Газа кога израелската армија ја започна својата воена офанзива на северот на енклавата. Армијата вели дека се уште не е безбедно да се вратат овие луѓе. Дури и кога ќе завршат борбите, новиот извештај на Светска банка вели дека речиси половина од сите станбени згради се уништени или се премногу оштетени за да се населат.

„Не остана ништо во државата, ниту училишта, ниту универзитети, ниту здравствени услуги, ништо. Размислете за иднината на сите овие деца, како ќе биде? Како можат да живеат после ова?“, вели Алаа Бакхит, Палестинец од Газа.

И, додека војната сè уште беснее, растечката хуманитарна криза ги засили меѓународните повици за прекин на огнот.

XS
SM
MD
LG