Линкови за пристапност

Избран либерален судија во Висконсин пред пресудите за забрана на абортусот


Аабортусот доминираше во кампањата, при што се очекува судот во наредните месеци да одлучи дали да ја поддржи државната забрана за абортус од 1849 година
Аабортусот доминираше во кампањата, при што се очекува судот во наредните месеци да одлучи дали да ја поддржи државната забрана за абортус од 1849 година

(РОЈТЕРС) – Гласачите во сојузната држава Висконсин вчера ја избраа либералката Џенет Протасиевич за судија во државниот Врховен суд. Со ова, контролата во судот ја презема либералното мнозинство, и доаѓа пред пресудите за забрана на абортусот и други прашања кои би можеле да одиграат важна улога на претседателските избори во 2024 година.

Протасиевич го победи конзервативниот кандидат Даниел Кели на тоа што Центарот за правда на Универзитетот во Њујорк Бренан ги нарече најскапите судски избори во историјата на САД. Повеќе од 42,3 милиони долари биле потрошени до понеделник, според прегледот на „WisPolitics.com“, што е далеку повеќе од претходниот рекорд од 15,2 милиони долари.

Во големата победа за застапниците за правата на абортусот, резултатот го претвора судот со поранешно конзервативно мнозинство на либерална контрола со 4:3 по 15 години, што веројатно ќе влијае на неколку прашања што ги поларизираа Американците во други држави, како што се гласачките права и партиското влијане врз носењето на закони.

Но, абортусот доминираше во кампањата, при што се очекува судот во наредните месеци да одлучи дали да ја поддржи државната забрана за абортус од 1849 година.

Ја славиме оваа историска победа која очигледно ја разгоре надежта кај многумина од нас
Џенет Протасиевич

Со преброени 75 отсто од гласачките ливчиња, Протасиевич имаше 55,4 отсто од гласовите наспроти 44,6 отсто за Кели, што е водство од речиси 160.000 гласови, според Асошиетед прес.

Протасиевич го стави абортусот во фокусот од нејзината кампања, а во една од предизборните реклами наведе дека ја поддржува „слободата на жената да донесе сопствена одлука за абортусот“. Кели, во меѓувреме, ја доби поддршката на групите против абортусот.

„Ја славиме оваа историска победа која очигледно ја разгоре надежта кај многумина од нас“, рече Протасиевич на прославата на победата.

Републиканците исто така не ги исполнија очекувањата.

Кели во обраќањето до поддржувачите рече дека Протасиевич била недостоен противник која водела „измамлива, нечесна и одвратна кампања.“

„Ја почитувам одлуката што ја донесоа луѓето од Висконсин“.

Исходот од изборите, исто така, има големи импликации за политичката иднина на државата во бојното поле.

Врховниот суд на Висконсин може повторно да ги разгледа конгресните и законодавните мапи кои републиканците ги нацртаа за да ја зголемат својата политичка предност.

XS
SM
MD
LG