Линкови за пристапност

Изборна битка на Бајден и Трамп за гласови во Охајо - една од одлучувачките сојузни држави


Сојузната држава Охајо долго време беше солиден показател за американското политичко мислење, одлучувајќи го победничкиот претседателски кандидат на сите избори од 1964 до 2016 година. Но, дали и денес состојбите се исти во Охајо? Известува Скот Стернс.

Со децении, гласачите во Охајо го поддржуваа претседателскиот кандидат кој победуваше на изборите. Сојузната држава стана главна за претседателските кампањи, делумно затоа што отсликува голем дел од

Америка, вели професорот по политика на Универзитетот на Синсинати Дејвид Нивен.

„Охајо има огромна земјоделска и производствена база и регионална економска разновидност, така што гласаше многу како Америка бидејќи нејзината економија беше многу слична на Америка“, вели Нивен.

Гласачите во Охајо двапати го избраа Барак Обама за претседател, а потоа го поддржаа Доналд Трамп во неговата победа во 2016 година.

Но, кога Охајо повторно гласаше за Трамп кога тој изгуби во 2020 година, сигнализираше промена на сојузната држава кон поконзервативна политика, вели републиканскиот стратег Боб Клег.

Гласањето денес е многу позасновано на демографска основа отколку кога Обама беше на функција
Дејвид Нивен, Универзитет Синсинати

„Секогаш имаше услови за републиканците да станат подоминантни во Охајо. Но, мислам дека работата со Трамп само го засили и го зголеми тоа“, вели Клег.

„Гласањето денес е многу позасновано на демографска основа отколку кога Обама беше на функција. И тие демографски податоци го посочуваат Охајо во републиканска насока. Побел, помалку образован и постар од државата“, додава Нивен.

Тоа е предизвик за актуелниот американски сенатор Шерод Браун, кој последен пат победи на изборите во Охајо пред шест години како либерален демократ.

„Денес, вредните жени и мажи од Охајо гласаа да ја продолжиме нашата заедничка борба уште шест години. Сите вие и покажавте на земјата дека прогресивците можат да победат и одлучно да победат во најважната држава“, додав сенаторот Браун.

Овојпат, Браун се кандидира против бизнисменот Берни Морено. Републиканците сакаат да ја вратат контролата во американскиот Сенат.
Морено им кажа на приврзаниците дека ја носи својата поддршка од Доналд Трамп како значка на честа.

„Се прашувам дали Шерод Браун со чест ќе го носи гласачкиот рекорд од 99% со Џо Бајден“, посочи Морено.

Една светла точка за демократите е колку силно гласачите од Охајо минатата година го отфрлија републиканскиот притисок за ограничување на абортусот во државата.

Активистката за репродуктивни права Вероника Ингам вели дека резултатот покажал оти жителите на Охајо гласаат надвор од нивните политички партии.

„Американците го поддржуваат правото на абортус и ќе излезат да гласаат за заштита на ова право. Гласачите синоќа јасно ставија до знаење дека ова не е партиско прашање. Жителите на Охајо низ политичкиот спектар не сакаат владата да биде вклучена во нивните лични одлуки за здравствена заштита“, додава Ингам.

Но, поразувањето на републиканците во Охајо во однос на репродуктивните права можеби нема да се преслика во оваа претседателска трка.

„Кога на гласачкото ливче ставате прашања од основни вредности, жителите на Охајо се конвенционални, умерени до либерални. Тие не се цврсти конзервативци. Но, кога ги ставате кандидатите на гласачкото ливче, тие сигурно гласаат за републиканци. Тоа е една од чудните неусогласености на политиката“, вели Нивен.

Во оваа претседателска трка, просекот на анкетите на РиалКлиар Полинг, покажува дека Трамп има десет поени предност пред Бајден во Охајо.

XS
SM
MD
LG