Линкови за пристапност

САД: Апсењето на Гбагбо испраќа сигнал на „тираните“


САД: Апсењето на Гбагбо испраќа сигнал на „тираните“
САД: Апсењето на Гбагбо испраќа сигнал на „тираните“

Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека фаќањето на поранешниот претседател на Брегот на слонова коска, Лорен Гбагбо, им покажува на „диктаторите“ и „тираните“ дека има последици доколку се обидат да се одржат на власт.

Зборувајќи во Вашингтон во понеделник, Секретарката Клинтон кажа дека потегот испраќа силен сигнал дека лидерите „не смеат да се оглушат на гласот на нивниот народ во слободни и фер избори“.

Клинтон ги поттикна жителите на Брегот на слонова коска да останат смирени и кажа дека САД однапред се радуваат на работа со новоизбраниот претседател Аласан Кватара на планот на помирување и опоравување.

Француски официјални лица велат дека претседателот Николас Саркози имал долг телефонски разговор со Кватара откако ситуацијата се разрешила.

Шефот на мировниците на ОН, Алаин Ле Рој, вели дека клучната мисија сега е да се обнови безбедноста, да се започне процесот на помирување и справување со големата хуманитарна криза предизвикана од месеци на немири во државата.

Во Британија, министерот за надворешни работи, Вилијам Хаг, во понеделник кажа дека Гбагбо се однесувал против демократските принципи и многу пати последниве месеци го прекршил законот. Во секој случај, тој додаде дека поранешниот претседател мора да биде третиран чесно и со „почит“ во секој судски процес.

Хјуман рајтс воч кажа дека Гбагбо бил „кредибилно имплициран“ во криминал против човештвото и треба да биде земен на одговорност.

Групата ги обвини про-Гбагбо силите за убиство и силувања на цивили за време на неодамнешните борби во Брегот на слонова коска.

XS
SM
MD
LG