Линкови за пристапност

Иванов - Стратешките определби да не се на штета на Русија


Средба на претседателот Ѓорге Иванов со претседателот на Русија Владимир Путин( фото МИА/Кабинет на Претседателот на РМ)
Средба на претседателот Ѓорге Иванов со претседателот на Русија Владимир Путин( фото МИА/Кабинет на Претседателот на РМ)

Македонија има јасни стратешки определби и опстојува на нив, несакајќи да наштети никому, му рекол македонскиот претседател Ѓорге Иванов на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на денешната средба во Москва.

Иванов, како што јави известувачот на МИА, ја оцени средбата со Путин како пријателска, конструктивна и содржајна. Рече дека станало збор за состојбата во Македонија и во регионот, за економската соработка, за црквата,...

Иванов по средбата со Путин, одговорајќи на новинарски прашања, напомена дека Македонија не сака нејзините стратешки определби да бидат на штета на односите со Русија.

„Русија е голема земја и Македонија како мала земја мора со сите големи сили да има однос на искрено пријателство, бидејќи таа е и членка на Советот за безбедност. Со сите членки на Советот за безбедност Македонија секогаш имала и мора да има односи на пријателство и на почитување. Нашата политика на отвореност кон сите добронамерни продолжува и настојуваме со сите големи земји да имаме односи на пријателство, соработка и на меѓусебна почит“, рече Иванов.

(Текстот е преземен од Радио Слободна Европа)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG