Линкови за пристапност

Иванов: Народот има право да избира како ќе се вика и кој јазик ќе го зборува


Последно годишно обраќање на Иванов
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Претседателот, во годинешното обраќање, ги повтори неговите ставови за Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија, како и за Законот за јазици

„Ајде потиснете ги вашите фрустрации“, порача претседателот Ѓорге Иванов во последното годишно обраќање како претседател на Македонија.

Разликите меѓу шефот на државата од една и Владата и владејачкото мнозинство од друга страна, не се намалија ниту денеска во Парламентот.

Иванов, ги повтори своите ставови за Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија, како и за Законот за јазици кои ги нарече три предизвици за државноста.

Голем дел од обраќањето потроши на процесот за името, референдумот и уставните измени.

„Единствено народот има право да избира како ќе се вика, кој јазик ќе го зборува. Затоа Владата побара народот да се изјасни за сопствено самоукинување. Изборот беше лажен – просперитет или идентитет, демек постои едното без другото“, рече Иванов.

Според него, Владата влегла во пазар со оние што го негираат минатото на македонскиот народ и кажа дека исходот од референдумот бил таков зашто граѓаните увиделе дека се уценети и оти проработел имунитетниот систем на државата.

Не го заборави ниту Законот за јазиците, што во два наврата одби да го потпише.

„Законот за јазиците го крши Уставот и е донесен надвор од процедурата. Ќе ја блокира државата“, истакна Иванов.

Иванов, денеска се обрати за последен пат како претседател. На 12 мај му завршува вториот мандат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG