Линкови за пристапност

Аналитичарот Иванов: Претседателот на државата треба да се избира во Парламентот


Аналитичарот Иванов: Претседателот на државата треба да се избира во Парламентот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:01 0:00

И по изборот на Пендаровски, идејата за избор на идниот претседател во Парламентот останува на маса

Ако има политичка волја треба да се смени моделот и изборот на претседателот на државата треба да се одвива во Парламентот, вели за Гласот на Америка на македонски аналитичарот Зоран Иванов, новинар и поранешен портпарол на македонската влада.

Тој тоа го аргументира и со изборните околности. „Овие претседателски избори во два изборни круга кога сите покрупни и поситни политички партии се ангажирани на теренот, кога целото граѓанство практично е анимирано со една мачна, досадна, долготрајна од пет недели кампања и во услови на нашиот изборен закон кој не дозволува никакви државни активности во тоа време, ниту некој да биде разрешен од функција, ниту некој да биде менуван, ниту субвенции да се делат.. Значи стопирано е цело општество“, вели Иванов.

Тој посочува дека, како што вели, „Македонија не е единствена, но е малку комплицирана општествена заедница, мултиетничка, мултикултурна и така натаму. Ако се тргне од таа ситуација и ако земеме една премиса дека ова после Преспанскиот договор можеме ли Македонија, а мислам можеме, да ја наречеме трета Република. Ако првата била АСНОМ,втората самостојноста, еве третата нека биде оваа. Ако можат Французите да имаат пет, можеме ние барем засега да имаме три.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG