Линкови за пристапност

Иванов се обрати на Милениумскиот самит, ја обвини Грција


Иванов се обрати на Милениумскиот самит, ја обвини Грција
Иванов се обрати на Милениумскиот самит, ја обвини Грција

„Имаме наметнат проблем околу името на мојата земја, кој освен на политички план, ни создава и сериозни импликации и во економскиот развој“, рече Иванов.

Македонија има постигнато голем напредок во остварувањето на Милениумските цели, истакна претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето на Самитот за Милениумските развојни цели, што се одржува во рамките на 65. Генерално собрание на ОН во Њујорк.

„За жал, мора да ви кажам дека Македонија е попречена во економските развој од својот прв сосед. Имаме наметнат проблем околу името на мојата земја, кој освен на политички план, ни создава и сериозни импликации и во економскиот развој при привлекувањето странски инвестиции, нешто што може директно да ја намали сиромаштијата и невработеноста“, рече Иванов.

Грчката влада со поинаков став – дека за разлика од официјално Скопје, Атина има политичка волја за решение, во рамки на својата веќе декларирана црвена линија - име со географска одредница за севкупна употреба, изјави шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас по средбата со медијаторот Метју Нимиц.

Од Македонија реагираше македонскиот премиер - изјавите на грчките лидери деновиве во Њујорк покажале дека надежите за решавање на спорот биле лажни, бидејќи Атина повторно излегува со крајно радикални позиции, вели Никола Груевски.

Амбасадорот на РМ во САД Зоран Јолевски за Гласот на Америка врз основа на изјавата на Друцас демантираше дека Груевски не сака да се сретне со грчкиот премиер Папандреу во Њујорк,

„За време на одржувањето на генералното собрание на ОН не беше закажана средба меѓу премиерите Груевски и Папандреу. Како што и е познато на македонската јавност, премиерот Груевски има отворена покана за средба со премиерот Папандреу во било кое време и на било кое место, а исто така и во многу наврати на медијаторот Нимиц му е пренесена подготвеноста за средба со грчкиот колега во било која формат, време и место, изјави Јолевски.

XS
SM
MD
LG