Почетоците во кошарката Ивана Кметовска ги направила во школата „Јуниор“ во Скопје.
Сега игра во дресот на „Кугарс“ и ова е нејзина последна година. „Кугарс“ не се фаворити за шампионската титула на Конференцијата ПАК 12, која важи за една од најдобрите во американската женска универзитетска лига, но оваа Македонка вели дека во искуството гледа огромна вредност зашто ќе и` отвори други можности:
Последната година е најдобра. Се чувствувам најискусно, најсигурно во себе. Мислам дека годинава ќе остане забележана во мојата кариера.
По завршувањето на студиите планира да се занимава со кошарка професионално. Вели идеално би било во некој европски тим, но не исклучува и друг континент.
Порано во квалификациите за европските првенства настапувала за женската јуниорска и сениорска репрезентација на Македонија:
Секогаш сум спремна да настапувам за македонската репрезентација. Горда сум што доаѓам од Македонија.
Она што посебно и` се допаѓа е што акцентот не е само на спортот. „Се инсистира на тоа да сме и добри студенти и добри луѓе“, вели таа.
Нејзиниот тим е го опишува како „ тим на интернационалки“ и вели дека ќе остане пријателка со нејзините соиграчки од Грција, Франција, Бугарија, Португалија, и Австралија.