Линкови за пристапност

На самит во Ватикан ќе се дискутира за сексуалната злоупотреба


Самитот доаѓа неколку дена откако Ватикан го расчини поранешниот кадринал Теодор МекКарик, поради злоупотреба на возрасни и малолетни лица

Папата Францис оваа недела ќе им посака добредојде на повеќе од 100 католички бискупи од целиот свет во Ватикан на четиридневен самит на кој што ќе се дискутира за сексуалната злоупотреба, во обид да се намали штетата на Црквата предизвикана со кризата која трае со децении.

Ватикан настојува да ги намали очекувањата во пресрет на самитот, но набљудувачите велат дека тоа би можело да биде решавачки момент кој ќе ѝ даде на хиерархијата на црквата задоцнета прилика да ги увери преживеаните од злоставувањата и се поскептичната заедница дека има намера дефинитивно да го реши скандалот и со тоа да ја исчисти дамката врз институцијата која долго време е обвинета дека ги прикрива прекршувањата од страна на свештениците.

Самитот доаѓа неколку дена откако Ватикан го расчини поранешниот кадринал Теодор МекКарик, некогашен архиепископ на Вашингтон.

88-годишникот, минатата недела стана најстариот свештеник во поново време лишен од свештеничкиот чин откако истрагата на Ватикан го прогласи за виновен за злоупотреба на возрасни и малолетни лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG