Линкови за пристапност

Италија ќе препрати брод со мигранти кон Шпанија


Мадрид доброволно реши да ја прифати групата

Италија се подготвува да испрати илјадници мигранти во Шпанија, откако претходно им забрани влез во државата. Потегот се смета како притисок врз Европа, со цел споделување на одговорноста за прифаќање на мигрантите.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја осуди одлуката на новата италијанска популистичката влада, велејќи дека според меѓународното право, мигрантите мора да бидат прифатени.

„Постои ниво на цинизам и неодговорност во однесувањето на италијанската влада во однос на драматичната хуманитарна ситуација“, рече Макрон.

Осудата од Франција повторно го стави фокусот на тензиите кои постојат меѓу членките на Европската Унија, за тоа како да се справат со неколкугодишната мигрантска криза. Во изминативе пет години, Италија прифати преку 640.000 мигранти, додека останати членки, во голема мерка одбиваат влез за овие луѓе.

Италијанскиот заменик-премиер,Луиџи Ди Мајо, ја отфрли француската критика.

Италија веќе испрати два брода за да помогнат во транспортот на 629 мигранти, вклучувајќи 11 деца и најмалку шест бремени жени во Шпанија. Мадрид доброволно реши да ја прифати групата.

Мигрантите кои мината недела заминале од брегот на Либија кон Италија, беа блокирани на бродот „Аквариус“ во меѓународните води на Средоземното Море, меѓу Италија и Малта, којашто исто така одби да ги прими.

Од организацијата „Доктори без граници“, велат дека овие лица биле „истоштени и под стрес“ и предупредија на сериозен ризик по здравјето за некои од патниците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG