Линкови за пристапност

Италијански региони гласаа за поголема автономија


Претседателите на Венето и Ломбардија велат дека референдумите се за поголемо влијание во разговорите со премиерот Паоло Џентилони

Во време на превирања во шпанскиот регион Каталонија, два богати италијански региона, во неделата гласаа за поголема автономија од Рим. Референдуми беа одржани во Венето, северен регион во кој се наоѓа Венеција, и Ломбардија, каде се наоѓа градот Милано.

Претседателите на двата региона велат дека преку 90 проценти од гласачите, се изјасниле за поголема автономија.

Референдумите не се обврзувачки, но според претседателите, гласот на народот им дава посилен мандат и поголемо влијание во разговорите со премиерот Паоло Џентилони.

Лидерите на овие региони сакаат да задржат поголема сума од даноците и да имаат поголемо влијание по прашањата како образованието, имиграцијата, безбедноста и животната средина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG