ВАШИНГТОН —
Германски хуманитарен брод со 42 мигранти од крајбрежјето на Либија вплови во италијански води, и покрај наредбата од Рим да избегне пристаниште во Италија ако нема дозвола.
Бродот, чиј сопственик е непрофитната германска организација Sea Watch – 3, помина две недели на отворено море бидејќи ниту една европска држава не му даваше дозвола се прикотви на нејзина територија.
Сега бродот се наоѓа во близина на италијанскиот остров Лампедуза.
Италијанскиот министер за антиимиграција Матео Салвини најави казни, апсења и приведувања од било кој брод што ќе влезе во италијански води без претходна авторизација.
Facebook Forum