Линкови за пристапност

Забава со маски и коктели на крузер во Италија за Велигден


Останатиот дел од Италија, пак, ќе биде во карантин цел викенд за празникот, со затворени продавници, додека рестораните и баровите ќе бидат отворени само за да се земе храна

Додека Италија е во строг карантин за Велигден, со строги рестриктивни мерки за патување меѓу региони, истовремено, гости уживаат на крузерот „Грандиоза“ со коктели покрај базени, објави Асошиетед прес.

И додека пандемијата затвори многу хотели и одмаралишта насекаде во светот, крузерот пловеше по Средоземното Море поголемиот дел од зимата, со воведени строги протоколи за заштита од вирусот, одобрени од италијанските власти.

Патниците и екипажот се тестираат пред и за време на патувањето. Маските се задолжителни, како и проверка на температура, следење на контакти и често чистење на бродот со цел да се спречи ширење на вирусот.

Патниците надвор од Италија, пак, мора да пристигнат со негативен тест за ковид направен 48 часа претходно, и само граѓаните од државите во Шенген зоната, плус Романија, Хрватска и Бугарија, имаат дозвола да резервираат патување согласно осигурителните полиси за ковид-19

Во средата, „Грандиоза“ замина од италијанското пристаниште на Чивитавекија на еднонеделно крстарење за Велигден, со 2.000 од 6.000 патници колку што е капацитетот, со планирани застанувања во Неапол, Валета, Малта, пред да се вратат во Џенова.

Според Асошиетед прес, патниците уживаат во чувството на некој вид нормала, поради можноста да јадат во ресторан или евентуално да седат без маска, иако загриженоста за вирусот се` уште постои.

„По една година рестриктивни мерки, мислевме дека би можеле да направиме пауза од една недела и да се опуштиме“, рече Стефанија Батистони, 39-годишна учителка, која на бродот дошла заедно со двајцата синови и нејзината мајка.

Останатиот дел од Италија, пак, ќе биде во карантин цел викенд за Велигден, со затворени продавници, додека рестораните и баровите ќе бидат отворени само за да се земе храна, со цел да се избегне пораст на бројот на заразени за празниците.

Дополнително, Владата на Италија воведе петдневен карантин за лицата кои доаѓаат од други држави на Европската Унија, за да се намали бројот на гости за празниците.

САД би можеле да бидат меѓу последните кои ќе ја отворат крузерската индустрија, веројатно не до есента, и не до 2022 година во Алјаска.

Крузерската индустрија се надева на постепено отворање оваа пролет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG