Линкови за пристапност

Нови потреси во Италија


Потресите со јачина од 4,3 и 4,7 степени, направија голема штета на зградите и предизвикаа паника меѓу жителите на градот Аматриче

Нови два силни потреси утринава го погодија италијанскиот град Аматриче, кој беше еден од најпогодените делови во силниот земјотрес во централна Италија, што се случи во средата.

Потресите, со јачина од 4,3 и 4,7 степени, направија голема штета на зградите и предизвикаа паника меѓу жителите на градот.

По земјотресот во средата, Аматриче беше погоден уште со дополнителни 500 потреси, од кои повеќето беа релативно слаби.

Во меѓувреме, официјални лица соопштија дека бројката на мртви од силниот земјотрес достигнала 267 лица, а речиси 400 луѓе се хоспитализирани. Најголем дел од нив се од градовите Аматриче и Акумоли, кои во голем дел се разрушени.

Сo продолжување на спасувачката акција, властите велат дека очекуваат потврда за уште мртви.

XS
SM
MD
LG