Линкови за пристапност

Најмалку 37 загинати во уривањето на мостот во Италија


Владата најави инспекција на сите застарени мостови и тунели во земјата

Италијанските власти соопштија дека во колапсот на мостот во Џенова, загинале најмалку 37 лица, а неколкумина и натаму се водат за исчезнати. Мостот се урна вчера по силното невреме што ја зафати областа.

Жртвите главно биле возачи во автомобилите кои паѓале 45 метри надолу.

Италијанскиот министер за транспорт Данило Тонинели, ја обвини компанијата задолжена за одржување на мостот, велејќи дека не го исполнува својот договор. Тој најави и владина инспекција на сите застарени мостови и тунели во државата.

Мостот поврзувал два главни автопати меѓу Италија и Франција, а беше отворен за сообраќај во 1967-та. Изминативе неколку години инженери изјавија дека неговата состојба постепено се влошува.

Според вицепремиерот Матео Салвини, катастрофата покажува дека Италија мора да потроши повеќе на инфраструктура, дури и ако тоа значи прекршување на правилата за буџет на ЕУ. Тој јавно ги побара имињата на лицата, за кои кажа дека е можно да бидат одговорни за инцидентот. Салвини воедно истакна дека тие ќе треба да платат и тоа многу.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG