Линкови за пристапност

Најмалку 247 жртви во земјотресот во Италија


Папата Францис во Ватикан изрази жалење за луѓето и за погодените градови

Земјотресот што ја погоди централна Италија во средата уби најмалку 247 лица, а повредени се повеќе од 360, изјави Италијанската агенција за цивилна заштита.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,2 степени, беше десеттина километри југоисточно од градот Норча, а најпогодени градови се Аматриче и Акумоли.

Агенцијата потврди дека 53-ца од жртвите биле во Аматриче. Спасувачите се` уште трагаат по затрупаните.

Италијанскиот премиер Матео Ренци ги посети погодените области и се сретна со волонтерите-спасувачи.

Папата Францис во Ватикан изрази жалење за луѓето и погодените градови, и посвети дел од мисата за молење за за жртвите.

XS
SM
MD
LG