Линкови за пристапност

Истражување: Американците сега посериозно ја сфаќаат заразата


Ново истражување покажа дека 94 проценти се држат подалеку од групи. Истата мерка во март ја применувале само 68 проценти.

Американците во големо мнозинство активно избегнуваат контакт со други луѓе колку што е можно и преземаат дополнителни чекори за сопствена заштита од коронавирусот, покажа истражување на Истражувачкиот центар за јавни прашања на Асошиејтед прес, кое нотира дека загриженоста за заразата нагло пораснала последниве шест недели.


Истражувањето нашло дека Американците сè повеќе се изолираат, ги мијат рацете и избегнуваат допирање на лицето.

Големи делови од државата се соочени со отпуштања од работа и намалување на платите и се прилагодуваат на ситуацијата да ги имаат децата дома додека училиштата и установите за згрижување на децата пред и по училиштето се затворени.

Половина од Американците сега велат дека се екстремно или многу загрижени за можноста да се инфицираат самите тие или некој член на семејството од коронавирусот.

Во март вака одговориле само 31 процент од анкетираните, а во февруари 22 проценти. Други 34 проценти рекле дека се донекаде загрижени, а 16 проценти дека воопшто не се загрижени.

Во САД повеќе од 17 милиони луѓе се надвор од работа, а 90 проценти од популацијата е под наредба да седи дома. Конфронтирани со сериозноста на пандемијата, Американците повеќе преземаат мерки за заштита споредено со март.

Денеска, 94 отсто од Американците се држат подалеку од групи, споредено со 68 проценти во март. Осумдесет и шест проценти велат избегнуваат други луѓе колку е можно повеќе.


Повеќето држави сега се под наредба за седење дома. Другите се подложни на упатства издадени од нивните локални власти. Сепак, нема голема разлика во однесувањето без оглед каде лицето живее, најде истражувањето.

Американците од држави каде нема наредба за седење дома велат дека избегнуваат контакт со други. Однесувањето не е променето само во однос на седење дома или приклучување на групи.


Деведесет и два проценти од Американците велат дека ги мијат рацете многу почесто, и 70 отсто избегнуваат допирање на лицето. Околу половината, 52 проценти, сега велат дека прават залихи на храна споредено со 35 проценти кои тоа го правеле во март.

Иако загриженоста за јавното здравје е зголемена, сè уште има партиски разлики. Републиканците се помалку загрижени од демократите за себе и за родините да бидат инфицирани од коронавирус. Тој однос е 35 спрема 61 процент.

Затварањето на бизнисите и глобалната економска неизвесност нашироко засега Американците.

Од оние кои работеле пред епидемијата, 23 отсто велат дека тие или член на домаќинството биле отпуштени, 38 проценти се ставени на распоред со помалку работни часови, 27 проценти земале неплатено и на 26 проценти им е намалена платата.

Сè на сè, околу половина од работниците искусиле некоја форма на намалени домашни приходи.

XS
SM
MD
LG