Линкови за пристапност

Историски успех за македонското теквондо: Христијана Парулеска се искачи на европскиот трон


Христијана беше прогласена за најдобар кадет на Европското првенство во Италија
Христијана беше прогласена за најдобар кадет на Европското првенство во Италија

Ова е успех кој тешко во иднина ќе може да го повториме, но ќе се трудиме , вели Марјанчо Лазаревски, тренер на Христијана која беше прогласена за најдобар кадет на Европското првенство во Италија

Охриѓанката, Христијана Парулеска се искачи на европскиот трон, откако беше прогласена за најдобра кадетка на Европското првенство во традиционално теквондо, што се одржа во италијанскиот град Јесоло.

Теквондо тренира веќе пет години и ова е нејзин најголем успех. До првото место имала три победи над натпреварувачки од Бугарија, Хрватска и Украина.

Охриѓанка стана европски кадетски првак во текводно
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:20 0:00

„За мене оваа награда значи многу. Постигнав многу за нешто кое работев и се вложував доста време. Во Италија освоив прво место, односно европски првак во борби-спаринг до 50 килограми. И второ место во борби со замислен противник за црн појас, прв дан“, вели Парулеска.

За неа во родниот град беше организиран пречек, каде дојдоа нејзини соученици, но и многу граѓани. Ја прашавме како се чувствува.

Колку си задоволна од пречекот?

- Искрено не очекував вака да биде и многу ме израдуваа.

Кои се твоите следни планови, што те очекува?

- Понатаму имам турнир во БиХ, на кој ќе бидам пријавена како јуниор и се надевам на успех.

Колку е значајна оваа награда за тебе?

- Па мислам дека многу деца ќе поттикнам да почнат да тренираат. Тренирам седум пати неделно. Кога имам турнир имам и по 14 тренинзи неделно, двапати дневно. Бара многу труд и многу вложување.

Што би им порачала на сите оние кои сакаат да тренираат теквондо?

- Бидете упорни и никогаш немојте да прекинете доколку го сакате тоа.

Нејзиниот тренер Марјанчо Лазаревски вели дека ова е најголемиот успех досега.

„Оваа награда е историски успех, што ние никогаш не можевме да сонуваме дека можеме да добиеме пехар за најдобар поединец, иако се надевавме на медал. Ние сме мала репрезентација и држава. Секаде судиите се пристрасни кон поголемите и како мала репрезентација не ни сонувавме дека ова ќе се случи. Чувството кога заврши финалето, кога знаевме дека имаме прво место, потекоа река солзи и кога ја слушнавме химната на Македонија за прв пат на Европско првенство е неописливо чувство. Кога ја прогласија Христијана за најдобра кадетка, тоа беше како гром од ведро небо. Тоа е историски успех, кој тешко во иднина ќе може да го повториме, но ќе се трудиме да го повториме“, раскажа Марјанчо Лазаревски, тренер на Христијана.

Македонската репрезентација броеше седум натпреварувачи и од 34 земји учеснички со околу 1200 натпреварувачи во сите конкуренции, заврши на 13 место во многу силна конкуренција.

XS
SM
MD
LG