Вселенско возило без човечки екипаж што го однел првиот хуманоиден робот на Русија во орбитата, денеска успешно пристанало на Меѓународната вселенска станица, по неуспешниот обид изминатиов викенд.
Роботот во природна големина на човек, именуван како Федор, што е кратенка истражувачкиот проект (Final Experimental Demonstration Object Research) имитира човечки движења што му овозможува да изведува задачи со далечинско управување.
Леталото Сојуз со Федор на него првично се обиде да пристане на станицата во саботата, но не успеа заради проблеми со автоматскиот систем за прикачување.
Федор не е првиот робот што отишол во вселената. Во 2011, НАСА го испрати Робонаут 2, исто така хуманоид, развиен од Џенерал Моторс, кој имаше слична цел за работа во високоризична средина.
Во 2013, Јапонија испрати мал робот наречен Киробо, заедно со првиот јапонски командант на Меѓународната вселенска станица. Овој робот го развила Тојота и имал способност да води разговор - но само на јапонски.
Федор ќе остане на станицата до 7-ми септември.
Facebook Forum