Вселенската капсула Сојуз во која се наоѓаат американски астронаут, кој е на прв лет и руски ветеран, беше лансирана кон Меѓународната вселенска станица.
Џек Фишер и Фјодор Јурчикин од космодромот Бајконур заминаа на четири месечна мисија. Се очекува по шестчасовниот лет, подоцна во денот да се спојат со Меѓународната вселенска страница.
Русија вообичаено со летовите на Сојуз до станицата испраќа двајца космонаути, заедно со еден американски астронаут. Но, ги редуцираше ротациите на екипажот, се` до следната година, кога новата научна лабораторија треба да се спои со станицата.
Фишер и Јурчикин ќе им се придружат на американката Пеги Витсон, рускиот космонаут Олег Новитскиј и на французинот Томас Песквет.
Витсон во моментов е командантка на мисијата во Меѓународната вселенска станица, и во понеделник, официјално ќе постави нов американски рекорд за најдолг поминат период во орбитата, кога ќе го надмине сегашниот рекорд од 534 дена.
Претседателот Доналд Трамп и неговата ќерка Иванка, се очекува преку телефонски разговор, да честитаат за постигнувањето.
Facebook Forum