Линкови за пристапност

Тројца астронаути безбедно се вратија на Земјата


Се приземјија во Казахстан, по пет месеци во Меѓународната вселенска станица

Тројца астронаути безбедно се вратија на Земјата по завршувањето на петмесечната мисија во Меѓународната вселенска станица.

Американецот Скот Тингл, Русинот Антон Шкаплеров и Јапонецот Норишиге Канаи, се приземјија вчера во Казахстан.

Шкаплеров, кој беше првиот што излезе од Руската вселенска капсула „Сојуз“ рече:

„Уморни сме, но, среќни за постигнатото и што се враќаме на Земјата. Драго ми е што времето е сончево“, рече тој.

Астронаутите ќе бидат подложени на медицински тестови во казахстанскиот град Караганда, пред да заминат дома.

Шкаплеров ќе се врати во Москва со фудбалска топка која ја донесе од Меѓународната вселенска станица. Тој и друг космонаут беа снимени како тренираат со неа.

Руската новинска агенција „Тас“ објави дека топката ќе се користи во првиот натпревар на Светското првенство кое се игра подоцна месецов.

Тројца други астронаути остануваат во Меѓународната вселенска станица.

На нив ќе им се придружат уште тројца други, кои в среда ќе заминат од комплексот Бајконур во Казахстан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG