Линкови за пристапност

Екипаж од Меѓународната вселенска станица се врати на земјата


Екипаж од Меѓународната вселенска станица се врати на земјата
Екипаж од Меѓународната вселенска станица се врати на земјата

Руската капсула Сојуз со три лица од Меѓународната вселенска станица безбедно слета.

Руски вселенски претставници велат дека Сојуз се приземјил во петок во Казахстан.

Во Сојуз бил американскиот астронаут Рон Гаран и руски космонаути Андреј Боришенко и Александер Самокутјаев.

Безбедното враќање на тричлениот екипаж уследи по неколку вселенски инциденти во последно време, меѓу кои нестигнување на сателити до орбитата и карго возило што се урна назад на Земјата.

Минимален екипаж од троца е останат на Меѓународната вселенска станица – еден Американец, еден Јапонец и еден Русин. Тие треба да се вратат на земјата во ноември.

XS
SM
MD
LG