Линкови за пристапност

Идната железничка станица во Ерусалим да биде именувана по Трамп


Источниот дел на Ерусалим, вклучувајќи го и Ѕидот на плачот бес присвоени од Израел за време на Шестдневната војна во 1967-ма година.

Израелскиот министер за транспорт, предложи идната железничка станица во близина на Ѕидот на плачот, да биде именувана по претседателот Доналд Трамп, по неговата одлука за признавање на Ерусалим како главен град на Израел.

Според планот, што министерот Јисреал Кац го изложил пред извршните директори на Израелската железница, брзата линија во Ерусалим треба да биде продолжена до светата локација и да биде изградена нова станица.

Кац предложи станицата да биде именувана по Трамп „заради неговата храбра и историска одлука да го признае Ерусалим како главен град на Израел“.

Западниот ѕид е најсвето место за Евреите и трета најсвета локација во исламот.

Предлогот, најверојатно ќе наиде на противење од меѓународната заедница, која не го признава израелскиот суверенитет над источниот дел на Ерусалим и Стариот град, коишто сега административно припаѓаат на Ерусалим.

Источниот дел на Ерусалим, вклучувајќи го и Ѕидот на плачот беа присвоени од Израел за време на Шестдневната војна во 1967-та година.

Палестинците сакаат Ерусалим и Стариот град, каде се наоѓаат муслимански, христијански и еврејските свети места, да бидат главен град на идната држава.

Исто така ископувањето тунели до Ѕидот на плачот, ќе вклучува работа во близина на археолошки остатоци што може да доведе до правни и логистички проблеми.

И покрај можното противење, портпаролот на Министерството за транспорт, Авнер Овадија, рече дека ако нема поголеми пречки, тој очекува планот да биде одобрен следната година.

Одлуката на Трамп за Ерусалим, предизвика гнев кај Палестинците и кај поголемиот дел од муслиманската заедница во светот. Минатата недела, Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се отфрла признавањето на Ерусалим како главен град на Израел од страна на претседателот Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG