Израелски и палестински преговарачи денес во Вашингтон на прелиминарна средба ќе разговараат за продолжување на мировните преговори што речиси три години се во прекин.
Американскиот државен секретар Џон Кери ќе биде домаќин на преговарачите Ципи Ливни од израелска и Саеб Ерекар од палестинска страна, на рамазанска ифтар вечера. За вторник е закажана нова средба.
Кери вели дека е задоволен што палестинските и израелски лидери покажале дека се подготвени да донесат тешки одлуки што се потребни да се дојде до овој степен.
Вчера, изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху, и порај силното противење на неговиот кабинет, одобри ослободување на палестински затвореници. Ќе бидат ослободени вкупно 104 лица, во четири фази. Но, Ливни кажа дека тоа ќе се случи само доколку Палестинците покажат дека се сериозен партнер во преговорите.