Линкови за пристапност

Од израелски оган загина Палестинец во Појасот Газа


Палестинци и израелски тенк близу граничната ограда меѓу Појасот Газа и Израел.
Палестинци и израелски тенк близу граничната ограда меѓу Појасот Газа и Израел.

Прва жртва откако беше постигнат прекин на огнот што стави крај на осумдневната крвава пресметка.

Еден Палестинец во Појасот Газа денес загина во оган отворен од израелска страна - прва жртва откако беше постигнат прекин на огнот што стави крај на осумдневната крвава пресметка.

Според палестински здравствени претставници, Анвар Кадеих бил убиен кога заедно во група со други Палестинци се приближил на граничната ограда. Имало и неколку повредени. Новинската агенција Ројтерс цитира роднина на Кадеих кој тврди дека тој се обидел да постави знаме на Хамас на оградата.

Израелските власти соопштија дека нивните војници најпрвин упатиле предупредувачки истрели во воздух кога групата се приближила до границата. За случајот засега нема реакција од страна на милитантите на Хамас.

Прекинот на огнот, постигнат со посредство на Ехипет, а што стапи средата навечер, обезбеди вчера да биде мирно.

Премиерот на Хамас во Газа Исмаил Ханија ги пофали милитантните групи во територијата за почитување на прекинот на огнот. Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху изјави дека неговата влада „дала шанса на мирот“, но дека е подготвена во случај тој да пропадне.
XS
SM
MD
LG