Израелската армија вели дека соборила беспилотно летало што летало од Газа во Израел.
Портпарол во понеделникот кажа дека авионот летал над Ашдод, лоциран на околу половина пат меѓу Појасот Газа и Тел Авив, кога израелските сили го погодиле со проектил од типот Патриот.
Армијата исто така кажа дека милитанти на Хамас испукале неколку ракети од Газа, додека израелски воени авиони нападнале десетици локации во текот на ноќта во нивната речиси еднонеделна кампања за запирање на ракетните напади.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази загриженост по насилството и побара двете страни веднаш да преземат чекори за прекинување на борбите.
Бан во соопштение од доцна во неделата кажа дека ракетен напад од Хамас е против меѓународното право, додека „премногу Палестинци се убиени“ од израелски воздушни напади.
Палестински официјални лица кажаа дека над 160 лица биле убиени, вклучувајќи и милитанти, откако Израел ја лансираше офанзивата во вторникот. Најголем дел од загинатите се вели дека биле цивили.