Линкови за пристапност

Израел: Состојбата на Шарон се влошува

Шефот на болницата каде е третиран поранешниот израелски премиер вели дека неговата состојба станала критична.

Зеев Ротстеин од болницата Тел Хашомер на новинарите во четврток им кажа дека животот на Ариел Шарон е во опасност заради откажувањето на функциите на неколку витални органи.

Осумдесет и пет години стариот Шарон беше во кома откако претрпе мозочен удар, во 2006-та.

Шарон е еден од израелските најпознати и најконтроверзни фигури. На средината на 2005-та тој раководеше со унилатерално повлекување на израелските трупи и доселеници од Појасот Газа, завршувајќи ја 38-годишната армиска контрола на територијата. Тоа беше шокирачки пресврт за човекот кој беше водечки играч во изградбата на еврејските населби на заземените територии.
This item is part of
XS
SM
MD
LG