Линкови за пристапност

Нетанјаху го предупредува Обама за Иран


Обама кажа дека светските сили ќе преговараат со Иран со „отворени очи“ и дека Израел ќе биде консултиран.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху вели дека Иран мора да ја разгради својата нуклеарна програма и да се соочи со посилни санкции додека преговара со Запад.

Нетанјаху ова го кажа по средбата со американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа, во понеделник. Обама кажа дека светските сили ќе преговараат со Иран со „отворени очи“ и дека Израел ќе биде консултиран.

Посетата на Нетанјаху доаѓа три дена по контактот на Обама и иранскиот претседател Хасан Рухани, на највисоко ниво меѓу државите за повеќе од три децении.

Тој телефонски разговор поттикна надежи за резолуција на деценискиот конфликт на Иран со Запад.

Иран долго инсистира дека нивната програма е мирољубива. САД и многу од нивните сојузници не се согласуваат и помогнаа да се постават неколку рунди на санкции кои нанесоа удар на иранската економија.

Нетанјаху е длабоко загрижен за намалувањето на тензиите меѓу Иран и меѓународната заедница, велејќи дека Техеран ги користи разговорите како начин да се олеснат тешките санкции и да се купи време за изградба на нуклеарно оружје.

Многумина Израелци се согласуваат.
XS
SM
MD
LG