Русија изрази загриженост за наводниот воздушан напад од израелски борбени авиони внатре во Сирија.
Руското министерство за надворешни работи вели дека таква акција, доколку се потврди, влегува во категоријата „неиспровоцирани напади“ против суверена нација, што е кршење на повелбата на ОН.
Се појавија различни информации во врска со нападот од средата, со сириските власти кои велат дека израелски авиони нападнале воен истражувачки објект во близина на Дамаск, убивајќи две лица.
Израелски и западни медиуми известија за израелски напад на друга локација, близу до сириско-либанската граница. Тие велат дека цел бил конвој кој пренесувал делови за проектили на Хезболах, силна анти-израелска шиитска паравојска со седиште во Либан.
Хезболах го осуди нападот во соопштение во четврток и изрази „целосна солидарност“ со Сирија.
Конфликтните извештаи не можеа да бидат разрешени со независно потврдување до рано во четврток и останува нејасно дали се случиле еден или два напади.