Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас почна раноутрово, враќајќи го несигурниот мир во Газа и Израел. Илјадници жители излегоа на улиците во Газа по два часот утринава, локално време.
Тие развиорија знамиња на Палестина и Хамас, свиреа со автомобили и славеа со огномети. Спонтани прослави се организираа и во источниот дел на Ерусалим и низ окупираниот Западен Брег.
Од друга страна, пак, имаше мешани реакции меѓу жителите во јужниот дел на Израел. Некои ја критикуваат Владата за брзиот потег, други, пак, ја пофалија акцијата како неопходна и позитивна во интерес на мирот.
Претседателот на САД Џо Бајден рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го информирал оти се согласиле со Хамас за „заеднички и безусловен прекин на огнот“.
Државниот секретар на САД Ентони Блинкен, на Твитер, напиша дека ќе патува во регионот во наредните денови, и оти ќе се сретне со израелските, палестинските и регионалните лидери.
Facebook Forum