ВАШИНГТОН —
Кабинетот на Израел го одобри договорот за нормализирање на односите со Обединетите Арапски Емирати.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека се согласиле со принцот на Абу Даби Мохамед бин Зајид Ал Нахјан да се сретнат наскоро.
Израелскиот парламент се очекува да гласа за ратификација на договорот на крајот на неделава.
Израел и Обединетите Арапски Емирати го потпишаа мировниот договор посредство на САД, на церемонија во Белата куќа минатиот месец.
Facebook Forum