Израел и Обединетите Арапски Емирати се договорија да воспостават целосна дипломатска врска, како дел од посредничкиот договор на САД.
Ова го објави претседателот Доналд Трамп, нарекувајќи го „Абрахам Договор“, според основачот на трите монотеистички религии на Бликсиот Исток - христијанство, ислам и јудаизам.
Ова е трет мировен договор кој Израел го има направено со арапска држава од неговата независност во 1948 година.
Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и принцот на Обединетите Арапски Емирати Мухамед ал Нахјан, изјавија дека се надеваат оти овој историски исчекор ќе го зголеми мирот на Блискиот Исток.
„Мразот е пробиен, очекувам повеќе арапски и муслимански држави да го следат лидерството на Обединетите Арапски Емирати“, рече Трамп.
Договорот ги суспендира плановите на Израел да припои големи делови од Западниот Брег, кои Палестинците ги сакаат како дел од нивната идна држава.
Нетанјаху го поздрави неговиот најнов дипломатски партнер, и рече дека плановите за анексија се „привремено стопирани“.
Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, кој е против плановите на Израел за анексија, рече дека „Обединетите Арапски Емирати и Израел се на пат кон помирен и стабилен Блиски Исток“.
Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, изјави дека Гутереш го поздравува овој договор, со надеж дека тој ќе создаде можност за израелските и палестинските лидери повторно да се вклучат во значајни преговори.
Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, пак, рече дека договорот е предавство, и ги повика Обединетите Арапски Емирати да го откажат договорот.
Facebook Forum