Линкови за пристапност

Израел изврши воздушни напади во Газа


Засега нема информации за жртви и предизвикана штета

Израелски воени авиони утрово извршиле воздушни напади во Газа. Истовремено трае и насилството што вчера избувна со ракетниот напад од Газа, при кој беа повредени седум луѓе во Тел Авив.

При израелските воздушни напади погодени се десетици цели во појасот Газа, вклучувајќи ја и канцеларијата на лидерот на милитантната група Хамас.

Засега нема информации за жртви и предизвикана штета при нападите.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера беше во посета на Вашингтон кога се случи нападот од Хамас.

За време на состанокот со претседателот Доналд Трамп тој рече дека Израел нема да го толерира ова, нагласувајќи дека ќе направи се` што треба за да ги одбрани неговите народ и држава.

Ракетниот напад во централниот дел на Израел беше втор изминативе недели, што го поттикна Нетанјаху да го скрати патувањето во Вашингтон.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изрази загриженост за настаните во Газа, осудувајќи го ракетниот напад како сериозно и неприфатливо нарушување кое, пак, го зголеми стравот од можен поголем конфликт две недели пред изборите во Израел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG