Линкови за пристапност

Продолжува судењето за корупција на израелскиот премиер Нетанјаху


Политички партии, пак, се сретнаа со претседателот да одлучат кој треба да ја формира идната влада, по изборите минатиот месец

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се појави во суд каде продолжува неговото судење за корупција, објави Асошиетед прес.

Денес продолжува фазата за приложување докази, додека израелските политички партии се сретнаа со претседателот да одлучат кој треба да ја формира идната влада, по изборите минатиот месец. Тие беа референдум за Нетанјаху, но, не дадоа јасен резултат.

Нетанјаху се соочува со обвинение за примање поткуп и злоупотреба во три кривични дела.

Тој ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги „лов на вештерки“ од страна на непријателските медиуми и полицијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG