Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој е на чело на државата 13 години, е обвинет за примање мито, злоупотреба и нарушување на довербата.
Главниот обвинител покрена обвинение против Нетанјаху за злоупотреба и нарушување на довербата во три случаи, и за мито во еден случај.
Основа за обвинението е дека премиерот и неговата сопруга земале накит во вредност од повеќе од 260.000 долари, цигари и други подароци во замена за политички услуги.
Нетанјаху, исто така, се товари за мешање во регулаторните тела и кај законодавците, во име на две медиумски компании, во замена за позитивни новинарски извештаи.
Нетанјаху негира каква било злоупотреба и вели дека е жртва на лов на вештерки.
Facebook Forum