Главниот правобранител на Израел денес најави дека планира да поднесе обвинение против премиерот Бенјамин Нетанјаху за повеќе случаи за корупција, нешто што може да и` стави крај на политичката кариера на Нетанјаху.
Нема конкретни детали, но, тој рече дека планира да ги прифати препораките на полицијата Нетанјаху да биде обвинет за корупција и злоупотреба.
Неофицијално, тој ќе ја најави неговата одлука во текот на денот.
Какви било обвиненија против Нетанјаху ќе бидат први во историјата на Израел, премиер на функција да биде обвинет за криминал.
Нетанјаху, кој се подготвува за интензивна изборна кампања, ги негираше обвинувањата.
Facebook Forum