Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на примирје во појасот Газа, по воздушните напади од израелски воени авиони како одговор на ракетирањето од палестинска територија.
Генералниот секретар на Обединетите нации повика двете страни да покажат воздржаност.
„Јасно ги осудивме ракетните напади. Но, сега веруваме дека е апсолутно неопходно да се избегне ескалација и да се покаже воздржаност. Нашиот апел е да се покаже воздржаност во овој момент, за да не страдаат повеќе луѓето во Израел и Газа и воопшто во Палестина“, рече Гутереш.
Милитантната група Хамас е одговорна за ракетниот напад кој беше изведен од појасот Газа, кој го контролира групата. При тоа седум луѓе беа повредени во куќа источно од Тел Авив.
Израел одговори со серија воздушни напади на повеќе цели во појасот Газа, вклучувајќи ја и канцеларијата на лидерот на Хамас. Пет Палестинци беа повредени за време на нападите.
Facebook Forum