Линкови за пристапност

Средба Кери - Ерекат во Лондон


Американскиот државен секретар ја проценува ситуацијата по најавата за нацрт-резолуцијата во ОН што би поставила рок за повлекување на Израел од палестинските територии

Државниот секретар Џон Кери се сретна главниот палестински преговарач Саеб Ерекат во Лондон, пред најавеното предлагање на нацрт-резолуција во Советот за безбедност на ОН од палестинска страна, што би поставила рок за повлекување на Израел од палестинските територии.

Средбата во Лондон е дел од проценката на ситуацијата што ја прави Кери. Тој претходно се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Рим, како и со министрите за надворешни работи на Франција, Британија и Германија во Париз.

На прес-конференцијата во Амбасадата на САД во Лондон, Кери истакна дека време е да се намали „температурата и напнатоста“ меѓу Израелците и Палестинците, за да постои можност да се најде пат напред од сегашните потешкотии и да се постигне мир.

Палестински дипломати најавија дека нивната нацрт-резолуција утре би можела да биде предложена во Советот за безбедност на ОН. Предлогот, што го циркулира Јордан, поставува двегодишен рок за крај на израелската окупација.

Друг предлог, за којшто разговараат Франција, Британија и Германија, предлага краен рок само за решение во мировните преговори.

XS
SM
MD
LG