Линкови за пристапност

Кери и Ки-мун на пат за Каиро


Бараат начин да издејствуваат прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Генералниот секретар Бан Ки-мун и американскиот државен секретар Џон Кери се на пат за Каиро, во нов посреднички обид за примирје во двонеделните судири меѓу израелските војници и милитантите на Хамас во Газа.

Американскиот претседател Барак Обама денес изјави дека „сега ние и меѓународната зедница мора да се фокусираме за да издејствуваме прекин на огнот што ќе стави крај на борбите и ќе спречи да гинат недолжни цивили, и во Газа, и во Израел“.

Израел соопшти дека борбени авиони денес бомбардирале преку 50 цели на Хамас, меѓу нив и две места за производство на оружје и шест подземни локации за лансирање на ракети. Хамас лансирал нови 50 ракети во Израел и се обидел да внесе борци во земјата преку тунелите, но израелските сили ги забележале милитантите и убиле десетмина.

Палестински претставници велат дека во израелските напади досега загинале над 500-тини жители на Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека армиските сили прават се` што е во нивна можност да избегнат цивилни жртви, но дека Хамас е виновен за ситуацијата.

XS
SM
MD
LG